• понеделник, 16 декември 2024

САД распишаа потерница по белоруски хакер вредна 2,5 милиони долари

САД распишаа потерница по белоруски хакер вредна 2,5 милиони долари

Вашингтон, 26 август 2024 (МИА) - Стејт департментот денеска распиша потерница со награда вредна 2,5 милиони долари а според Програмата за награди за транснационален организиран криминал, за информации што ќе доведат до апсење или осуда на Белорусинот Володимир Кадарија за неговото наводно учество во организација за ширење злонамерен софтвер.

Кадарија е обвинет за сајбер-криминални прекршоци поврзани со наводен план за пренос на АЕК (Angler Exploit Kit) , друг злонамерен софтвер и онлајн измами на компјутерите на милиони интернет корисници преку онлајн реклами – таканаречен “malvertising” – и други средства, од октомври 2013 до март 2022 година. Во одредени периоди за време на овој план, AEK беше лавен начин преку кој сајбер-криминалците доставуваа малициозен софтвер на компромитирани електронски уреди.

На 14 јуни 2023 година, Кадарија бил обвинет во Окружниот суд на Њу Џерси за заговор за измама преку интернет, заговор за компјутерска измама и две точки за извршување на измама преку интернет.

Денешната потерница за награда е според Програмата за награди за транснационален организиран криминал на Стејт департментот, која ги поддржува напорите за спроведување на законот за да се поткопа транснационалниот криминал на глобално ниво и да се изведат одменатите пред лицето на правдата, соопштија од американскиот Стејт депармент. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан