САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД
- Американскиот Стејт департмент распиша награда од три милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Мухамад Хадор Муса Рамадан, или познат како Абу Бакр ал-Гариб, роден во Јордан.

Вашингтон, 28 мај 2020 (МИА) Американскиот Стејт департмент распиша награда од три милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Мухамад Хадор Муса Рамадан, или познат како Абу Бакр ал-Гариб, роден во Јордан.
Тој е еден од лидерите на терористичката организација „Исламска држава“ и нејзин главен пропагандист, се вели во потерницата.
Како што се истакнува, Мухамад Рамадан раководи со медиумските операции на ИД и игра „клучна улога во пропагандните активности на ИД за радикализација, врбување и подбуцнување на одредени лица низ целиот свет“.
-Тој раководи со планирање, координација и производство на многубројни пропагандни видеo сoдржини, објави и онлајн платформи каде со брутални и сурови сцени на измачување и масовни егезекуција на невини цивили“, се вели во соопштението на Стејт департментот. кб/