• понеделник, 16 декември 2024

САД префрлиле дел од своите нуклеарни сили поблиску до Северна Кореја по посетата на Путин

САД  префрлиле дел од своите нуклеарни сили поблиску до Северна Кореја по посетата на Путин

Вашингтон, 20 јуни 2024 (МИА) - САД го засилиле присуството на своите стратешки сили во азискиот регион по посетата на Владимир Путин на Северна Кореја, чиј резултат беше обнова на воената алијанса меѓу Москва и Пјонгјанг создадена на почетокот на 1960-те години.

Според соопштение на Индо-тихоокеанската команда на американските вооружени сили (ПАКОМ), група на нуклерни бомбардери B-1B Lancer биле однесени во воената база Гуам во западниот дел на Тихи Океан.

Суперсоничните авиони со потенцијал да носат бомби со вкупна тежина од 34 тони, долетале на Гуам за да демонстрираат „спремност за реакција во подршка на сојузницие, партнерите и пријателите“, истакнаа денеска од ПАКОМ.

Бомбардерите ќе исполнуваат „плански мисии на бомбардерски оперативни групи“ се вели во соопштението на командата,

Како што пишува изданието „Старс енд страјпс“ (Stars and Stripes) речиси истворемено за првпат на Гуам дошле атомскиот носач на авиони на воено-морските сили на САД „УСС Роналд Реган“ и ракетниот разурнувач „УСС Роберт Смалс“.

Префрлањето на стратешките сили на САД се случува ден по посетата на Путин на Северна Кореја, прва таква посета во своите 24-те години владеење како лидер на Русија.  

Во Пјонгкјанг, каде рускиот претседател беше пречекан со парада, колона од луѓе покрај патиштата, и гигантск портрети на зградите, Путин потпиша договор за „стратешко и сеопфатно партнерство“ со КНДР.

Документот „предвдува меѓудругто и пружање заемна помош во случај на агресија против еден од учесниците на тој договор“, изјави Путин при кројт на својата посета. Москва исто така не исклучува и воено-техничка соработка со КНДР иако тоа е забрането со санкции на ОН. кб/

Остани поврзан