• сабота, 21 декември 2024

САД подготвуваат 300 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за Авганистан

САД подготвуваат 300 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за Авганистан
Вашингтон, 21 април 2021 (МИА) - Како дел од заложбите за поддршка на народот на Авганистан, администрацијата на САД работи со Конгресот за обезбедување 300 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за Авганистан во 2021 година, соопшти денеска Стејт департментот. - Претседателот Џо Бајден јасно укажа дека додека САД ги повлекуваат воените сили од Авганистан, нашата поддршка за земјата продолжува, изјави државниот секретар Ентони Блинкен. Дел од дополнителната хуманитарна помош за 2021 година доаѓа од Стејт департментот, а дел од УСАИД. - Поддршката за која на донорската конференција лани во ноември (се оддржува еднаш во четири години) беше објавено дека може да биде испратена подоцна, станува достапна сега, а за демонстрација на нашите силни заложби за поддршка на авганистанскиот народ, додава Блинкен. Во соопштението се наведува дека парите се наменети за оддржување и надградување на успесите од изминатите две децении, за подобрување на основните потреби за граѓаните на Авганистан како промоција на економски развој, борба против корупцијата и трговијата со дрога, подобрување на здравството и образованието, поддршка за вклученост на жените во власта, подобрување на механизмите за решавање конфликти и јакнење на граѓанското општетсво и независните медиуми. - Додека САД продложуваат со повлекување на своите трупи, ние, со употреба на невоена и економска помош правиме напредок за долготраен мир во Авганистан и посветла иднина за неговиот народ, се вели во соопштението. кб/гт/

Остани поврзан