• вторник, 24 декември 2024

САД: Пингвин доби ортопедски обувки во Золошката градина во Сан Диего

САД: Пингвин доби ортопедски обувки во Золошката градина во Сан Диего

Лос Анџелес, 31 август 2022 (МИА) - Пингвин во Зоолошката градина во Сан Диего, Калифорнија, САД, си доби ортопедски чевли, заради олеснување на симптомите од дегенеративна болест на екстремитетите.

Пингвинот Лукас, кој е четири години стар, има проблеми со нозете поради пододерматитис - хронична болест, честа кај птиците... Ако не се лекува, болеста може да доведе до сепса и смрт, според соопштението на Алијансата за диви животни во Сан Диего. Зоолошката се обрати и до организација што развива производи за рехабилитација за животни со посебни потреби за помош. Така беа создадени обувки од ортопедскиот материјал неопрен и гума што треба да го олеснат одењето на Лукас.  си/сд/

Остани поврзан