САД остро ги осудија нападите врз нивната амбасада во Багдад
- Соединетите Американски Држави „остро ги осудија“ нападите врз нивната амбасада во Багдад и врз американските и коалициските трупи во Ирак, повикувајќи ги ирачките власти „да ги изведат сторителите пред лицето на правдата“, пренесе БТА.

Вашингтон, 9 декември 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави „остро ги осудија“ нападите врз нивната амбасада во Багдад и врз американските и коалициските трупи во Ирак, повикувајќи ги ирачките власти „да ги изведат сторителите пред лицето на правдата“, пренесе БТА.
-Повеќето милиции поврзани со Иран кои дејствуваат слободно во Ирак ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на Ирак, нашите војници и нашите партнери во регионот, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент. мс/
фото: МИА архива