• недела, 29 декември 2024

САД обезбедуваат помош од 30 милиони долари за Молдавија

САД обезбедуваат помош од 30 милиони долари за Молдавија
Кишињев, 20 март 2022 (МИА) - САД ќе обезбедат 30 милиони долари за Молдавија како помош за прифаќање на украинските бегалци, изјави американскиот амбасадор во Молдавија Кент Дојл Лонгсден на денешниот брифинг. - За време на неговата посета на Кишињев, американскиот државен секретар Ентони Блинкен го увери претседателот Санду дека американските партнери ќе и помогнат на Молдавија да се справи со кризата. Сега го исполнуваме тоа ветување: САД ќе обезбедат повеќе од 300 милиони долари помош за Украина и регионот. Дополнително, 30 милиони долари ќе и бидат доделени на Молдавија во следните шест месеци за помош на бегалците, истакна шефот на дипломатската мисија на САД. Амбасадорот Лонгсден нагласи и дека во овој момент „нема индикации оти конфликтот директно ќе влијае на Молдавија“. - Ситуацијата во Украина е многу тешка. Ние внимателно ги следиме вестите, но засега нема индикации дека Молдавија може да биде цел на напад, рече дипломатот. Тој нагласи дека Вашингтон „се надева оти прашањето за Придњестровје ќе биде решено со пет плус два разговори (Молдавија, Придњестровје, ОБСЕ, Русија, Украина и набљудувачите на САД и ЕУ). - Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата за да останат отворени каналите за дијалог, изјави Лонгсден. гт/

Остани поврзан