САД нудат 10 милиони награда за фаќање на хакерите од DarkSide
- Американските власти нудат награда од 10 милиони долари за информации за локацијата и идентитетот на водачите на хакерската група DarkSide вклучена во неодамнешниот напад на американската ком

Вашингтон, 4 ноември 2021 (МИА) – Американските власти нудат награда од 10 милиони долари за информации за локацијата и идентитетот на водачите на хакерската група DarkSide вклучена во неодамнешниот напад на американската компанија Colonial Pipeline, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
- Стејт департментот објавува награда од 10 милиони долари за информации што ќе идентификуваат и/или лоцираат поединец или група поединци кои имаат високи позиции во транснационална криминална група DarkSide, се вели во писмената изјава на Прајс. јт/