• сабота, 28 декември 2024

САД нема да ги укинат санкциите кон Иран за Техеран да се врати на преговорите

САД нема да ги укинат санкциите кон Иран за Техеран да се врати на преговорите
Вашингтон, 7 февруари 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска за Си-Би-Ес изјави дека САД нема да ги укинат економските санкции кон Иран со цел Техеран да се врати на преговорите за иранската нуклеарна програма. На прашањето дали САД прво ќе ги укинат санкциите за Техеран да се врати на преговарачката маса, Бајден кусо одговори - „не“, а на прашањето дали Иран прво мора да запре со просечното збогатување на ураниум, Бајден само кимна со главата. Не е целосно јасно што точно мислел американскиот претседател, имајќи предвид дека договорот постигнат во 2015 година му овозможи на Иран да збогатува ураниум со одредени ограничувања. ссм/

Остани поврзан