• понеделник, 23 декември 2024

САД: Кина е способна за кибернапади врз клучната американска инфраструктура

САД: Кина е способна за кибернапади врз клучната американска инфраструктура

Вашингтон, 26 мај 2023 (МИА) – Стејт департментот предупреди дека Кина е способна да изврши кибернапади врз клучната американска инфраструктура, вклучувајќи нафта, гас и железнички системи, откако истражителите утврдија дека кинеска хакерска група ги шпионирала тие мрежи.

Во предупредувањето од пред два дена откриено е дека кинеската кибершпионажа била насочена кон армијата и и владините институции во САД.

Кинеските власти негираат дека шпионирале западни мети, а предупредувањето на САД и сојузниците го оценија како „колективна кампања за дезинформации“.

Вашингтон, сојузниците и Мајкрософт на 24 мај предупредија дека хакерска група спонзорирана од кинеска држава инфилтрирана е во големите инфраструктурни мрежи во САД. Во заедничко соопштение на властите задолжени за безбедноста на информациите во САД, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд, се предупредува дека се забележани „низа активности“ поврзани со „кинескиот државен кибер актер, познат и како Волт Тајфун“.

- Таквата активност влијае врз мрежите на главните американски инфраструктурни сектори и субјектот што ги извршува нападите може да ги примени истите методи … низ целиот свет, се наведува во соопштението.

Додека Мајкрософт соопшти дека „Волт тајфун“ е активен од средината на 2021 година и дека, меѓу другото, имал за цел важна инфраструктура на островот Гуам, каде е лоцирана голема американска воена база во Тихиот Океан.

Набљудуваното однесување води до заклучок дека злонамерниот актер има намера да се вклучи во шпионажа и да го одржува пристапот (до инфраструктурата) што е можно подолго без да биде забележан, се истакнува во соопштението на американската технолошка групација. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан