• сабота, 23 ноември 2024

САД и сојузниците дискутираа за потребата од нова мировна мисија на Африканската унија во Сомалија

САД и сојузниците дискутираа за потребата од нова мировна мисија на Африканската унија во Сомалија

Вашингтон, 4 октомври 2024 (МИА) - САД и уште четири земји ја разгледаа потребата од финализирање на плановите за нова мировна мисија на Африканската унија за стабилизација на Сомалија, соопшти американскиот Стејт департмент.

На средбата, која се одржала на 1 октомври, присуствуваа претставници од САД, Катар, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија, се наведува во синоќешното соопштение.

Според Стејт департментот, разговорите вклучувале и финансирање на новата мисија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан