• понеделник, 23 декември 2024

САД и голем број земји ширум светот го повикаа Хамас да го прифати предлогот за примирје на Бајден

САД и голем број земји ширум светот го повикаа Хамас да го прифати предлогот за примирје на Бајден

Вашингтон, 6 јуни 2024 (МИА) - САД и неколку други земји во светот ја повикаа палестинската група Хамас, која владее со Појасот Газа, да го прифати предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за трајно примирје во енклавата, се вели во заедничка изјаваа објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Документот е објавен во име на лидерите на Австрија, Аргентина, Бразил, Бугарија, Велика Британија, Германија, Данска, Шпанија, Канада, Полска, Португалија, Романија, САД, Србија, Тајланд и Франција.

-Како лидери на земјите длабоко загрижени за заложниците што ги држи Хамас во Газа, вклучително и многу наши граѓани, ние целосно го поддржуваме движењето кон прекин на огнот и договорот за ослободување на заложниците што сега е на маса, и како што е наведено од претседателот Бајден на 31 мај 2024 година. Нема време за губење. Го повикуваме Хамас да го склучи овој договор, кој Израел е подготвен да го исполни и да го започне процесот на ослободување на нашите граѓани, се вели во соопштението.

Оттаму забележуваат дека „овој договор ќе доведе до итен прекин на огнот и обновување на Газа заедно со безбедносни гаранции за Израелците и Палестинците и можности за потраен долгорочен мир и решение за две држави“.

-Во овој клучен момент, ги повикуваме лидерите на Израел, како и Хамас, да направат какви било конечни компромиси кои се неопходни за да се постигне овој договор и да им се донесе олеснување на семејствата на нашите заложници, како и на оние од двете страни на оваа страшна конфликт, вклучувајќи го и цивилното население. Време е војната да заврши и овој договор е неопходната почетна точка, се додава во објавениот документ. мс/

Остани поврзан