• сабота, 16 ноември 2024

САД и годинава ќе обезбедат активна поддршка за енергеткиот систем на Украина

САД и годинава ќе обезбедат активна поддршка за енергеткиот систем на Украина

Вашингтон, 30 ноември 2023 (МИА) - Властите на САД имаат намера да обезбедат активна поддршка на Украина за обезбедување на непречена работа на нејзиниот енергетски систем оваа зима, вклучително и снабдување со опрема, изјави денеска на брифинг за новинарите заменик министерот за енергетика на САД Дејвид Турк.

-Изминатата зима беше сложена за Украина со разурнувачките и варварски напади на Русија врз инфраструктурата на земјата, изјави тој.

-Оваа зима сите треба да одвоиме внимание, рече тој, и додаде дека од страна на Министерството за енергетика на САД, безусловно, прават сè што можат.

-Како што рековме, се обидуваме да сториме сè што можеме од страна на нашите национални лаборатории. Минатата година имавме соработка со приватниот сектор во САД со цел набавка на елктроопрема во најкратки можни рокови, кога таа беше потребна во првите денови на ударите врз елктродистрибуцијата. Годинава исто така ќе направием сè што можеме, изјави Турк. кб/

Остани поврзан