• понеделник, 23 декември 2024

САД: Исклучувањето на „Северен тек“ не е поврзано со западните санкции

САД: Исклучувањето на „Северен тек“ не е поврзано со западните санкции
Вашингтон, 6 септември 2022 година (МИА) - Русија „избра да го затвори“ гасоводот „Северен тек“ што ја снабдува Европа и „очигледно е погрешно“ да се поврзе ова затворање со западните санкции како што тоа го прави Москва, реагираше денеска американскиот Претставнички дом. „САД и Европа работат заедно за да обезбедат доволно резерви“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, ветувајќи дека „европските резерви на гас за првпат ќе бидат полни до зима“.ссм/

Остани поврзан