• сабота, 06 декември 2025

САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност

САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност

Вашингтон, 23 јуни 2025 (МИА) - Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани ширум светот да ги зголемат своите безбедносни мерки по невидениот напад на Вашингтон врз стратешките ирански нуклеарни локалитети, објави ДПА.

На веб-страницата на Стејт департментот се вели дека постои зголемена закана за граѓаните на земјата, како на американска територија, така и во странство.

-Како резултат на конфликтот меѓу Израел и Иран, има промени во распоредот на воздушниот сообраќај и периодично затворање на воздушниот простор на Блискиот Исток, се објаснува во препораката.

„Постои можност за демонстрации против американските граѓани и интереси во странство. Стејт департментот им советува на американските граѓани ширум светот да ја зголемат својата претпазливост“, се вели во предупредувањето.

Министерството за внатрешна безбедност, пак, го вклучи алармот за „ситуација на зголемена закана во Соединетите Држави“.

Конфликтот со Иран го зголемува ризикот од проирански кибернапади и акти на насилство од страна на екстремисти, тврди одделот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан