• четврток, 26 декември 2024

САД загрижени од големата воена мобилизација на Србиjа на границата со Косово, повикаа Белград да ги повлече силите

САД загрижени од големата воена мобилизација на Србиjа на границата со Косово, повикаа Белград да ги повлече силите

Вашингтон, 30 септември 202 (МИА) - САД се загрижени од големото воено присуство на Србија на границата со Косово и го повикаа Белград да ги повлече своите сили од пограничната зона, каде се забележани српски тенкови и артилерија. 

Србија распоредила „напредни тенкови и артилерија“ во близина на границата со Косово по насилните и смртоносни судири во близина на манастир во северно Косово минатата недела, предупреди синоќа Белата куќа. 

-Набљудуваме големо српско воено распоредување долж границата со Косово, изјави за новинарите Џон Кирби портпарол на Националниот совет за безбедност на Белата куќа. 

„Тоа вклучува досега незабележано поставање српска напредна артилерија, тенкови, махенизирани пешадсики единици. Веруваме дека ова е прилично дестабилизирачки развој“, рече тој. 

САД ја повикаа Србија да ги повлече овие сили од границата.  

Кирби рече дека трупањето на оружјето се случува во текот на оваа недела, но дека сепак не е јасно која е целта. 

Во судир меѓу српски националисти и косовската полиција на северот од Косово минатата неделе беше убиен еден косовски полицец. Тројца од напаѓачите потоа беа лоцирани и убиени. 

Државниот секретар Ентони Блинкен вчера претпладне телефонски разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што го повикал на „итна деескалација и враќање кон дијалог“, додаде Кирби. 

Вучиќ не негирал директно дека се случува трупање, но ги отфрлил повиците дека армиските сили на Србија се ставени во состојба на готовност. 

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан, исто така зборувал со косовоскиот премиер Албин Курти и „изрази загриженост за српската воена мобилизација“, се вели во соопштние објавено после телефонскиот разговор. 

Курти подоцна на социјалните мрежи укажа дека побарал од САД „зголемена помош против воените планови на Србија“. кб/ сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан