• недела, 22 декември 2024

САД го повикаа Иран да ги продолжи преговорите за нукларната програма

САД го повикаа Иран да ги продолжи преговорите за нукларната програма
Вашингтон, 5 август 2021 (МИА) - Американските власти денеска го повикаа новиот петседател на Иран, Ебрахим Раиси што е можно побрзо да ги продолжи преговорите за иранската нуклеарна програма, шќто беа прекинати пред неклку недели. - За нас тоа е итен приоритет. Тој процес не може да продолжи бесконечно, изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Нед Прајс, додавајќи дека го повика Иран да се врати на преговарачката маса. Според него, пораката на САД до новиот претседател на Иран е истата порака испратена до неговиот претходник Хасан Рохани. - Се надеваме дека Иран ќе ја искористи можноста за изнаоѓање на дипломатско решени, посочи Прајс. Американските власти денеска го повикаа новиот ирански претседател Ебрахим Раиси да ги продолжи преговорите за иранската нуклеарна програма, кои беа прекинати пред неколку недели, што е можно поскоро. Раиси, кој денеска во Парламентот положи заклетва како осми претседател на Исламската Република, изјави дека го поддржува секој дипломатски напор што овозможува укинување на американските санкции воведени против неговата земја, кои ја поткопуваат економијата. Договорот за иранската нуклеарна програма, официјално наречен Заеднички сеопфатен акциски план (ЈЦПОА), беше потпишан во Виена во јули 2015 година од Иран и „Групата 5 плус 1“, што се состоеше од пет постојани членки на Советот за безбедност на Обединети нации (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписници во име на Европската унија. Обединетото Кралство, Кина, Германија, Франција, Русија и Иран започнаа состаноци во Виена во април, со индиректно учество на САД, со цел да се обидат да го оживеат договорот, што САД го напуштија за време на мандатот на поранешниот претседтаел Доналд Трамп. ми/

Остани поврзан