• сабота, 23 ноември 2024

САД го победија Мексико во финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ

САД го победија Мексико во финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ

Арлингтон, 25 март 2024 (МИА) – Репрезентацијата на САД ноќеска го победи Мексико со 2:0 во финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната.

Стрелци на натпреварот одигран во Арлингтон (САД) беа Тајлер Адамс и Џовани Рејна.

Тимот на САД ја освои Лигата на нациите на КОНКАКАФ третпат по ред, и е единствената репрезентација со ваква серија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан