• среда, 25 декември 2024

САД го отфрлаат повикот на СЗО за прекин на ревакцинацијата

САД го отфрлаат повикот на СЗО за прекин на ревакцинацијата
Вашингтон, 6 август 2021 (МИА) - Белата куќа го отфрли повикот на СЗО за прекин на третата доза на вакцината против Ковид-19, оценувајќи дека САД не треба да бираат помеѓу давање трета доза на своите граѓани и донирање на вакцините на трети земји.
- Тоа е погрешна алтернатива. Сметаме дека можеме да ги направиме и двете и дека не треба да избираме помеѓу вакцинирање на Американците, што се уште не е официјално планирано, и помагање на сиромашните земји, рече Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, коментирајќи го повикот на СЗО. 
  Таа потсети дека САД веќе дистрибуирале повеќе од 100 милиони дози вакцини на посиромашните земји, што е повеќе од донациите од сите други земји во светот заедно. САД се уште немаат донесено одлука за ревакцинацијата, а Германија и Израел одлучија да го сторат тоа, пред се за постарите граѓани.
СЗО вчера повика да се стави крај на ревакцинацијата со трета доза, барем до крајот на септември, за да им се дадат повеќе вакцини на посиромашните земји. паг/

Остани поврзан