САД ги поздравија напорите на Ватикан за враќање на депортираните украински деца
- Претседателот на САД Џо Бајден и кардиналот Матео Зупи разговарале за напорите на Ватикан да продолжи со помошта за Украина, во време на постојаната руска агресија врз оваа земја, изјави денеска портпаролката Карин Жан Пјер.
Вашингтон, 19 јули 2023 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден и кардиналот Матео Зупи разговарале за напорите на Ватикан да продолжи со помошта за Украина, во време на постојаната руска агресија врз оваа земја, изјави денеска портпаролката Карин Жан Пјер.
Зупи, кој е архиепископ на Болоња и претседател на Италијанската епископска конференција, е испратен во тридневна посета на Вашингтон како емисар на Папата за да разговара со Бајден за илјадниците насилно раселени украински деца.
- На средбата, претседателот ги поздрави повиците на Светата столица за враќање на насилно депортираните украински деца. Тоа што Русија го прави, киднапирање на илјадници украински деца и нивно преместување во други делови на Украина или депортирање во Русија е ужасна работа, затоа ги поздравуваме напорите на Ватикан за враќање на овие деца, рече Жан Пјер.
Таа истакна дека на средбата, Бајден ги споделил своите желби за продолжително администрирање и глобално лидерство на папата Франциск, и ја поздрави неодамнешната номинација на американски архиепископ за кардинал. кб/паг/
Фото: МИА архива