• среда, 08 јануари 2025

САД ги олеснуваат санкциите за Сирија по падот на режимот на Асад

САД ги олеснуваат санкциите за Сирија по падот на режимот на Асад

Вашингтон, 7 јануари 2025 (МИА) - Соединетите Американски Држави вчера ги олеснија санкциите за сириската влада со цел да овозможат хуманитарна помош, јави ДПА.

Министерството за финансии издаде шестмесечно ослободување од санкции „за поддршка на сирискиот народ во нивната изградба на побезбедна и мирна иднина“.

Во декември, бунтовничките сили предводени од Ахмед ал-Шара го соборија од власт Башар ал-Асад, ставајќи крај на неговото повеќе од две децениско владеење. Асад побегна во Москва, а новиот лидер ја презеде задачата за обновување на земјата.

Заменик-секретарот на финансии, Вали Адејемо, изјави дека „крајот на бруталниот режим на Асад создава можност за обновување на Сирија“.

Иако санкциите не се укинати целосно, новите мерки обезбедуваат олеснување за хуманитарни активности и основни јавни услуги. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан