• среда, 27 ноември 2024

САД ги купиле сите резерви на лекот „ремдесивир“ во светот

САД ги купиле сите резерви на лекот „ремдесивир“ во светот
Вашингтон, 1 јули 2020 (МИА) - Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го купила речиси целото количество на лекот „ремдесивир“ во светот во следните три месеци, кој се покажа ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус. Експертите се вознемирени од едностраниот потег на САД во врска со овој лек, како и пошироките импликации, стравувајќи од фактот што ќе се случи кога еден ден ќе се појави вакцина против Ковид-19. Лекот „ремдесивир“ првично е развиен против еболата и го произведува компанијата „Џилид сајенсис“. Тоа е прв лек кој американската Агенција за лекови го одобрила за употреба во лекувањето на коронавирусот и се покажало дека им помага на луѓето побрзо да закрепнат од болеста. Просечната терапија за лекување на Ковид-19 опфаќа шест дози со вкупна цена од 3.200 долари. Американскиот претседател склучил „одличен“ договор со „Џилид сајенсис“ за 500.000 дози, што претставува речиси 100 отсто од вкупното производство на компанијата овој месец, 90 отсто во август и 90 проценти во септември, соопшти американското Министерство за здравство. гт/

Остани поврзан