• вторник, 26 ноември 2024

САД вратија вредни антиквитети во Пакистан

САД вратија вредни антиквитети во Пакистан
Њујорк, 3 ноември 2020 (МИА) - Свештени мошти и антиквитети од 2-от век н.е. кои беа откриени од властите на Њујорк како нелегално увезени во 2015 година, сега им се вратени на претставници на пакистанската Влада. Окружниот обвинител на областа Менхетн, Сајрус Венс Помладиот одржа свеченост на којашто на пакистанските претставници им беа вратени 45 предмети откриени од њујоршките истражители, а по извештајот за нелегален увоз на вредни антиквитети од повеќе земји, вклучувајќи ги тука Пакистан, Индија и Авганистан. Уште пет вредни артефакти се вратени во Индија и Авганистан, додека специјалното одделение за федерални истраги продолжува да работи на откривање на други украдени и криумчарени антиквитети, со цел тие да се вратат во земјите од кои биле нелегално однесени. Минатата година, канцеларијата на обвинителот Венс врати еден позлатен ковчег во Египет, којшто извесно време беше и изложен во музејот Метрополитен. Беше утврдено дека е украден и донесен во САД со лажна документација. си/

Остани поврзан