САД воведуваат визни ограничувања за странски функционери кои ја олеснуваат илегалната миграција
- Новите политики се насочени кон имиграцијата, царинските служби, аеродромските и пристанишните службеници и други за кои е „познато дека го олеснуваат шверцот на странци со намера илегално да имигрираат во САД преку југозападната граница на земјата“, се наведува во соопштението на Рубио.

Вашингтон, 5 март 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави дека воведува политика на визни ограничувања за странски владини службеници и други поединци за кои се верува дека се одговорни за олеснување на илегалната имиграција во САД, објавија британските медиуми.
Новите политики се насочени кон имиграцијата, царинските служби, аеродромските и пристанишните службеници и други за кои е „познато дека го олеснуваат шверцот на странци со намера илегално да имигрираат во САД преку југозападната граница на земјата“, се наведува во соопштението на Рубио.сд/
фото:МИА архива