САД воведоа санкции за кинеска компанија поврзана со хакерска група
- САД воведоа санкции против компанијата Integrity Technology Group, со седиште во Пекинг, обвинувајќи ја дека стои зад хакерската група Flax Typhoon, јавија американски медиуми, повикувајќи се на Министерството за финансии на САД.
Вашингтон, 3 јануари 2025 (МИА) - САД воведоа санкции против компанијата Integrity Technology Group, со седиште во Пекинг, обвинувајќи ја дека стои зад хакерската група Flax Typhoon, јавија американски медиуми, повикувајќи се на Министерството за финансии на САД.
Компанијата е обвинета дека се претставува како фирма за информатички технологии, додека собира разузнавачки податоци за кинеските безбедносни агенции, претходно изјави директорот на ФБИ Кристофер Реј на конференција за кибер безбедност.
Кина ги демантираше обвинувањата, нарекувајќи ги „неосновани и тенденциозни“. ссм/
фото: архива/илустрација