• вторник, 24 декември 2024

САД воведоа нов пакет санкции против Русија

САД воведоа нов пакет санкции против Русија
Вашингтон, 11 март 2022 (МИА) - Американското Министерство за финансии најави нови санкции против руските олигарси. Се наведува дека целта е да се зголеми притисокот врз луѓето блиски до рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Би-Би-Си. Меѓу погодените од новите санкции се десет лица кои се дел од банката ВТБ, 12 членови на Долниот дом на рускиот парламент и семејството на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно американскиот претседател Џо Бајден најави забрана за увоз од Русија, кој вклучува морска храна, вотка и дијаманти. Тој рече дека дополнителните санкции ќе нанесат уште еден тежок удар на руската економија. ссм/

Остани поврзан