• петок, 22 ноември 2024

САД/Избори: Еден од уапсените планирал напад ако Трамп победи

САД/Избори: Еден од уапсените планирал напад ако Трамп победи

Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Агенти на ФБИ уапсија две лица во Мичиген поради закани поврзани со изборите во Соединетите Американски Држави. 

Се појавија нови информации за еден од уапсените лица поради закани за насилство пред изборите.

Во Ен Арбор, Мичиген, осомниченото лице беше приведено поради закани објавени на интернет. Исак Сисел, 25 години, наводно напишал: „Ќе извршам напад врз конзервативните христијански валканици и ако Трамп победи на изборите. Имам украдена пушка AR-15 и цел која одбивам да ја именувам за да можам да ги остварам моите планови. Без конкретна жртва или можност да се пронајде местото каде што ја скрив пушката, ФБИ не може ништо да направи сè додека не го извршам нападот.“

Сисел беше уапсен од ФБИ утринава и ќе се појави на федерален суд попладнево (по локално време).

Претходно денеска беше уапсен и човек  кој се обидел да влезе во Капитолот, а мирисал на гориво и носел сигнален пиштол. Тој подготвил манифест од 25 страници со анти-израелска реторика. ссм/

фото: архива

Остани поврзан