• вторник, 24 декември 2024

Сè поголем ризик од рецесија во еврозоната

Сè поголем ризик од рецесија во еврозоната
Лондон, 19 септември 2022 (МИА) - Ризикот од рецесија во еврозоната достигна највисоко ниво од јули 2020 година, затоа што расте загриженоста дека зимската енергетска криза ќе предизвика пад на економските активности. Економистите кои ги анкетираше Блумберг, сега ја проценуваат веројатноста за контракција во два последователни квартали на 80 отсто во наредните 12 месеци, во однос на 60 проценти во претходното истражување. Најголемата економија во блокот и онаа меѓу најизложените на намалување на испораките на гас, германската, веројатно ќе падне уште во овој квартал. Домаќинствата и компаниите во Европа се подготвуваат за можноста на рационализација на енергијата откако Русија ги исклучи испораките гас и веќе се борат со рекордно високата стапка на инфлација и други тесни грла во снабдувањето. Според анкети, активноста се намалува од јули, со неколку добри знаци во блиска иднина. Се очекува инфлацијата да достигне врв од 9,6 отсто во последните три месеци годинава. Тоа е речиси петпати повеќе од целта на Европската централна банка (ЕЦБ). Испитаниците не гледаат дека се приближува до целта од два отсто до 2024 година. Расте загриженоста поради инфлацијата Иако претставниците на ЕЦБ предвидуваа дека економијата на еврозоната само ќе стагнира, а не и да се намали, кога ги ажурираа ставовите месецов ја зголемија загриженоста околу порастот и изгледите за инфлацијата во регионот. Претседателката Кристин Лагард и нејзините колеги ги оправдаа големите зголемувања на каматните стапки со решеност да го скротат растот на цените, иако економистите сметаат дека им истекува времето за преземање такви дејствија. Испитаниците сега сметаат дека ЕЦБ порано ќе го паузира циклусот на зголемување на каматните стапки, но до февруари ќе ги подигне каматните стапки на највисоко ниво од два отсто за депозитната стапка. Повеќе од половина очекуваат зголемување од 75 базични поени на следниот состанок на ЕЦБ во октомври. Главниот економист Филип Лејн минатата недела изјави дека невообичаеното големо зголемување на каматните стапки на ЕЦБ месецов било соодветно, истовремено сигнализирајќи дека идните чекори веројатно ќе бидат помали. По најновата одлука, други претставници на ЕЦБ за Блумберг кажаа дека не исклучуваат понатамошно зголемување од 75 базични поени. бд/

Остани поврзан