• петок, 21 февруари 2025

Руте разговараше со Келог за траен мир во Украина

Руте разговараше со Келог за траен мир во Украина

Брисел, 17 февруари 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Марк Руте објави дека во Брисел разговарал со американскиот специјален претставник за Украина и Русија, Кит Келог, за прашањето за траен мир во Украина.

„Задоволство ми е да му посакам добредојде на Кит Келог во Брисел. Тој денеска се консултираше со членките на Алијансата за заедничка работа за обезбедување праведен и траен мир во Украина“, напиша Руте на платформата Икс.

Тој додаде дека треба да се направи многу повеќе и дека ќе продолжи блиската соработка „за да се постигне крај на војната и трајна безбедност за сите нас“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан