• среда, 25 декември 2024

Рустеми: Издвоивме 360 милиони евра за изградба, реконструкција и рехабилитација на 40-тина патни правци со должина од над 540 километри

Рустеми: Издвоивме 360 милиони евра за изградба, реконструкција и рехабилитација на 40-тина патни правци со должина од над 540 километри
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми се обрати на Самитот за патишта на Западен Балкан 2022 што се одржува во Тирана, на кој учествуваа претставници на ЕБОР, ЕИБ, на транспортната заедница, директори на јавни претпријатија и други релевантни претставници. Темата на самитот беше „Обликување на иднината: безбедни, паметни и одржливи патишта“. Рустеми, како што информира Јавното претпријатие за државни патишта, говореше за „Можностите и предизвиците на управувањето со патиштата во Северна Македонија“ на панелот посветен на темата „Поврзување на точките, улогата на управувањето со податоците во обезбедувањето на попаметни патишта“. Во своето обраќање Рустеми потенцираше дека патната инфраструктура е највредното средство што го поседува јавниот сектор, која истовремено ја поддржува економијата на државата затоа поврзувањето преку добра, модерна и функционална патна инфраструктура е од исклучителна важност. Наведе дека Република Северна Македонија има стратешка позиција на Балканот, а низ неа минуваат двата европски коридори 8 и 10, што и овозможуваат значајна улога во креирање на економскиот раст на регионот.  Рустеми потенцира дека нашите политики имаат јасна цел, а тоа е, како што рече, создавање на квалитетна патна мрежа за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. - И токму затоа во тек е интензивна работа на изградба, реконструкција и рехабилитација на 40-тина патни правци со вкупна должина од над 540 километри за што Јавното претпријатие за државни патишта обезбеди 360 милиони евра од кои 46,5 милиони евра од буџетот на ЈПДП, а инвестиции од странски кредити обезбедивме 216,5 милиони евра. Овој факт говори дека ние како инвеститори во име на Владата реализираме крупни капитални инвестиции кои ќе бидат влог за идните генерации бидејќи инфраструктурното поврзување меѓу градовите, населените места, селата и регионите значи создавање на услови за поквалитетно поврзување со регионот и обезбедување на развој на економијата, изјави Рустеми во Тирана. Овој инвестициски циклус, како што најави, ќе го заокружиме со изградбата на 130 километри автопатишта кои им ги доверивме на американско-трускиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кои наскоро треба да почнат со активности бидејќи процедурите се при крај. - Нивна главна задача ќе биде осовременување на клучните патни артерии, односно на двата коридора 8 и 10, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Рустеми во Тирана. Тој се осврна и на развојот на Системот за управување со патишта (Road Asset Management System - RAMS), кој е сет на алатки и методи кои помагаат при донесувањето одлуки за изнаоѓање на ефективни краткорочни и долгорочни стратегии за планирање, проектирање и одржување на патната мрежа на соодветно ниво на услуга во одреден временски периог (проектен период). Самиот систем има база на податоци, која континуирано се надградува и ажурира со податоци за моменталната состојба на патната мрежа, и тоа: рамност, носивост, отпор на триење на коловозната конструкција, систем за одводнување,пукнатини и др. Системот ќе почне со функционирање откако ќе се соберат потребните податоците за состојбата на патната мрежа, а исто така, ќе служи и за други анализи, како што е контролата на вредноста на средствата, анализа на ефектите од новите патни проекти врз целокупната патна мрежа. -Најголемата предност од користењето на RAMS ќе биде достапноста до добро структурирана, брза и секогаш достапна база на податоци за патиштата. Со имплементација на Системот се почна во 2017 година, а покрај него, во ЈПДП во тек е воспоставување и на Bridge Management System (BMS). Во склоп на проектот за воспоставување на BMS се спроведува проект за воспоставување на првичната датотека за состојбата на мостовите на државните патишта Bridge Condition Survey, се наведува во соопштението. Во рамки на Самитот беше потпишан и Меморандум за разбирање меѓу јавните претпријатија за патишта на Западен Балкан. Целта на документот е соработка за безбеден, паметен и одржлив развој на идникативно проширување на трансевропската транспортна мрежа (TEN-T) кон патиштата на Западен Балкан. мд/сп/

Остани поврзан