• понеделник, 23 декември 2024

Рускo Министерство за одбрана: Аеродромот Гостомел кај Киев е окупиран

Рускo Министерство за одбрана: Аеродромот Гостомел кај Киев е окупиран
Москва, 25 февруари 2022 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили го зазеле стратешки важниот аеродром „Гостомел“ кај Киев, како и дека во таа област слетале падобранци, пренесоа руските медиуми. Како што се наведува, руската армија го блокирала влезот во Киев од запад, а проруските сили во источна Украина ги нападнале позициите на украинската армија како поддршка на руската армија. Аеродромот „Гостомел“ е место на интензивни борби меѓу руските и украинските сили. Има долга писта на која можат да слетаат големи транспортни авиони, што значи дека нејзиното преземање ќе и овозможи на Русија да испрати копнени сили директно во предградијата на Киев. паг/    

Остани поврзан