• сабота, 23 ноември 2024

Руско МНР: Финска со влезот во НАТО се откажа од уникатниот идентитет и ја изгуби независноста

Руско МНР: Финска со влезот во НАТО се откажа од уникатниот идентитет и ја изгуби независноста

Москва, 4 април 2023 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи денеска остро го осуди влезот на Финска во НАТО, нагласувајќи дека оваа нордиска земја нема да „влијае на никакви одлуки“.

„Со влезот во НАТО, Финска се откажа од својот уникатен идентитет и ја загуби својата независност, што со децении и даваше посебен статус во меѓународните работи“, се наведува во соопштението, пренесено од Индекс.хр.

„Финска стана мала членка на НАТО без можност да влијае на какви било одлуки. Ја изгуби способноста да има глас во меѓународните работи“, додаваат оттаму.

Руското МНР потврди дека влезот на Финска во НАТО ќе има „негативен ефект“ врз билатералните односи меѓу двете земји.

„Одговорот на Руската Федерација на заканите по националната безбедност кои произлегуваат од влезот на Финска во НАТО делумно ќе зависи од распоредувањето на воената инфраструктура и офанзивното оружје на НАТО на нејзина територија, заклучи руското МНР во реакцијата по повод влезот на Финска во Алијансата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска предупреди дека Русија „внимателно ќе следи што се случува во Финска“, опишувајќи го проширувањето на НАТО како „прекршување на руската безбедност и националните интереси“. сд/

Остани поврзан