Руски медиуми: Товарен воз во близина на Волгоград излета од шините по „интервенција на неовластени лица“
- Товарен воз излета од шините во близина на Волгоград, во југозападна Русија, по „интервенција на неовластени лица“, јавија утринава руските медиуми.

Москва, 14 мај 2024 (МИА) - Товарен воз излета од шините во близина на Волгоград, во југозападна Русија, по „интервенција на неовластени лица“, јавија утринава руските медиуми.
-На станицата Котлубан, во регионот на Волгоград, вагон излета од шините по интервенција на неовластени лица, јавија руските медиуми.
Пожарот што избувнал во резервоарот за гориво и во еден вагон е изгаснат, соопштија од Министерството за вонредни состојби.
Детали за инцидентот не се објавени.
Градот Котлубан е на околу 300 километри од границата со Украина, а регионот на Волгоград беше цел на напади со украински беспилотни летала. мс/
фото: МИА архива