• среда, 25 декември 2024

Руски „Гаспром“ ќе биде спонзор на унгарски Ференцварош

Руски „Гаспром“ ќе биде спонзор на унгарски Ференцварош

 

Будимпешта, 23 април 2024 (МИА) – Руската енергетска компанија „Гаспром“ ќе стане спонзор на најуспешниот унгарски фудбалски тим Ференцварош, пренесуваат денеска медиумите во Будимпешта.

Според најтиражниот унгарски спортски весник „Немзети спорт“, преговорите напреднале до тој степен што нацрт-договорот е веќе готов и има шанса соработката да биде официјализирана во следните недели.

Без да го коментира евентуалниот влез на „Гаспром“ во Ференцварош. унгарското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија во допис до медиумите наведе дека колку повеќе големи меѓународни компании инвестираат во унгарскиот спорт, толку подобро.

Ференцварош викендов ја освои шестата унгарска титула во серија низа


Руската компанија, која се смета за најголем производител и снабдувач на природен гас во светот, беше главен спонзор на германски Шалке 04 од 2007 до 2022 година, а од 2012 година беше во партнерски односи и со УЕФА. Односите беа прекинати во 2022 година поради воената агресија на Русија врз Украина. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан