• петок, 26 јули 2024

Руски војник уапсен под соменение за велепредавство

Руски војник уапсен под соменение за велепредавство
Москва, 30 јули 2020 (МИА) - Руската федерална служба за безбедност уапси војник на Црноморската флота во Севастопол под сомнение дека откривал информации што претставуваат државни тајни. - Федералната служба за безбедност во Севастопол уапси војник на Црноморската флота, кој собираше и пренесуваше информации, што претставуваат државна тајна, до генералниот директор за разузнавање на украинското Министерство за одбрана, се наведува во соопштението на Федералната служба за безбедност во Севастопол. Осомничениот војник може да добие затворска казна од 12 до 20 години, а истрагата за случајот е во тек. ки/ми/

Остани поврзан