• понеделник, 23 декември 2024

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море, соопшти морнарицата

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море, соопшти морнарицата

Москва, 28 март 2024 (МИА) - Неколку руски воени бродови поминаа низ теснецот Баб ел Мандеб во Црвеното Море и покрај нападите на јеменските борци Хути врз трговски бродови, соопшти руската Пацифичка флота.

Телевизискиот канал „Ѕвезда“ управуван од Министерството за одбрана ја цитираше морнарицата дека рускиот крстосувач „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“ биле меѓу бродовите што навлегле во Црвеното Море. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан