Руски авион се врати на аеродромот поради закана за бомба
- Авион на руската компанија „Аерофлот“, кој летал од градот Хабаровск за Москва, се врати на аеродромот по полетувањето, поради закана дека во авионот има бомба.

Москва, 27 јануари 2020 (МИА) - Авион на руската компанија „Аерофлот“, кој летал од градот Хабаровск за Москва, се врати на аеродромот по полетувањето, поради закана дека во авионот има бомба.
- Авионот слета нормално, а истражителите ќе го прегледаат, изјави претставник од безбедносниот сектор за руската агенција ТАСС. паг/