• среда, 25 декември 2024

Руски авион „Ил-76“ спаси 300 напуштени миленици од Кабул

Руски авион „Ил-76“ спаси 300 напуштени миленици од Кабул
Ванкувер, 1 февруари 2022 (МИА) - Руски транспортен авион „Ил-76“ спаси речиси 300 напуштени миленици од Кабул, Авганистан, а тие својот нов дом ќе го најдат в Канада. - Авионот е апсолутен „ѕвер“ - Илушин 76-ТД, дизајниран да лета над Сибир среде зима. Затоа, не очекуваме доцнење поради зимата, рече Шарлот Максвел-Џонс од кабулската организација „Kabul Small Animal Rescue“. Станува збор за 156 кучиња и 133 мачки кои се сместиле во транспортниот авион Ил-76, изнајмен од компанијата „Авијакон житотранс“. Планирано е леталото да слета во Ванкувер, Канада. Сите животни првично требаше да бидат пренесени во САД, но тоа не се случи бидејќи Авганистан е на ризичната листа земји кога станува збор за увоз на кучиња. Многу американски и други западни дипломати ги оставија своите миленици кога побегнаа од Кабул во август лани, бидејќи не можеа да ги земат со себе, па за нив се грижеше организацијата КСАР. Американската војска, исто така, ги остави своите 50 кучиња на аеродромот во Кабул. Официјални лица велат дека тие биле ослободени од нивните кафези и предадени на КСАР.  си/сд/

Остани поврзан