• сабота, 23 ноември 2024

Руските сили уништиле 14 украински дронови во пограничните области Белгород и Курск

Руските сили уништиле 14 украински дронови во пограничните области Белгород и Курск

Москва, 14 март 2024 (МИА) - Руските сили уништија 14 украински беспилотни летала во регионите Белгород и Курск, на границата со Украина, соопшти утрово Министерството за одбрана, пренесе Бета.

„Синоќа беа спречени обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со дронови на локации на територијата на Русија“, се наведува во соопштението.

Уништени се 11 беспилотни летала над Белгород, а три над Курск.

Десетици украински дронови вчера гаѓаа повеќе руски региони, особено локациите на енергетската инфраструктура. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан