• среда, 27 ноември 2024

Руските сили ноќеска лансираа 56 дрона кон енергетската инфраструктура на украинскиот регион Миколаев

Руските сили ноќеска лансираа 56 дрона кон енергетската инфраструктура на украинскиот регион Миколаев

Киев, 17 октомври 2024 (МИА) - Руските сили во текот на изминатата ноќ лансираа 56 беспилотни летала во Украина, насочени првенствено кон енергетската инфраструктура во јужниот регион Миколаев, изјави утринава регионалниот гувернер Виталиј Ким.

Ким на својот канал на Телеграм изјави дека во ноќниот напад нема жртви, но дека неколку потрошувачи останале без струја.

Украинските воздухопловни сили прецизираа дека во нападот биле погодени пет објекти во региони блиску до линијата на фронтот, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението на украинските ВВС, исто така, се наведува дека противоздушната одбрана  соборила 22 дрона, но и дека им се губи трагата на 27 беспилотни летала кои најверојатно паднале на украинска територија.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека остатоци од дроновите паднале во двор на градинката во главниот град, но дека инфраструктурата не е оштетена и нема жртви.

Регионалните власти во североисточниот регион Суми соопштија дека напад со дрон предизвикал пожар во административната зграда и оштетил два автомобила.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан