• недела, 06 октомври 2024

Руските сили го зазедоа Северодоњецк, а во Лисичанск се водат улични борби

Руските сили го зазедоа Северодоњецк, а во Лисичанск се водат улични борби
Киев, 25 јуни 2022 (МИА) - Градоначалникот на Северодоњецк, Олександар Стрјук изјави дека градот од денеска е под целосна контрола на руската армија. Изминатите неколку недели се водеа тешки борби помеѓу украинската и руската војска за Северодоњецк. Украинските сили вчера добија наредба да се повлечат од Северодоњецк, поради подобра одбрана на соседниот град Лисичанск. Но, руските сили и сепаратистите денеска влегоа во Лисичанск и во градот се водат улични борби. Заземањето на Северодонецк и Лисичанск ќе им го отвори патот на Москва и на сепаратистите кон градовите Славјанск и Краматорск. Руските сили сакаат да го заземат целиот индустриски басен на Донбас. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан