• среда, 27 ноември 2024

Руските сили влегле во Северодонецк, потврди градоначалникот

Руските сили влегле во Северодонецк, потврди градоначалникот
Краматорск, 30 мај 2022 (МИА) - Градоначалникот на Северодонецк, Олександар Стрјук денеска потврди дека руските сили влегле во тој град во источна Украина.
Стрјук изјави дека снабдувањето со електрична енергија и комуникациите се прекинати и дека градот е „целосно уништен“.
„Бројот на жртвите расте од час во час, но не можеме да ги броиме загинатите и ранетите во уличните борби“, додаде градоначалникот во телефонското интервју за АП.
Стрјук рече дека 12.000-13.000 цивили, колку што останале во градот од повеќе од 100.000 луѓе, се засолниле во подруми и бункери за да го избегнат руското бомбардирање.
Градоначалникот рече дека 1.500 цивили во градот загинале од почетокот на војната во руските напади, како и поради недостиг на лекови или медицински третман.
Украинската армија соопшти дека руските сили ги зајакнуваат своите позиции во североисточното и југоисточното предградие на Северодонецк и носат дополнителна опрема и муниција за зајакнување на офанзивата. паг/
   

Остани поврзан