• сабота, 23 ноември 2024

Руските дипломати, нивните семејства и техничкиот персонал ја напуштија Бугарија

Руските дипломати, нивните семејства и техничкиот персонал ја напуштија Бугарија
Софија, 3 јули 2022 (МИА) - Седумдесет вработени во дипломатските претставништва на Русија ја напуштија Бугарија поради обвинувања за шпионажа. Со нив заминаа и нивните семејства, а вкупниот број луѓе кои ја напуштија земјата изнесува околу 200, јави дописникот на МИА од Софија. Два руски државни авиони слетаа на софискиот аеродром. Луѓето пристигнаа на аеродромот со автобус во четири групи. Другите беа донесени со комбиња и автомобили. Една од младите девојки ја носеше нејзината перница, а друг маж носеше маица со ликот на рускиот претседател Владимир Путин со пропаганден натпис. Повеќето одбија да зборуваат за медиумите. Меѓу оние кои заминаа за Москва беше и Филип Воскресенски, втор човек во Амбасадата на Руската Федерација во Софија, кој рече дека заминува со благодарност до Бугарија и Бугарите кои ги поддржувале додека работеле. нк/паг/  

Остани поврзан