• сабота, 23 ноември 2024

Руската џудо федерација ќе ги бојкотира Игрите во Париз: Не прифаќаме понижувачки услови

Руската џудо федерација ќе ги бојкотира Игрите во Париз: Не прифаќаме понижувачки услови

 

Москва, 6 јули 2024 (МИА) – Руските џудисти нема да настапат на претстојната летна Олимпијада, иако Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) претходно им дозволи на спортистите од оваа земја да се натпреваруваат на Игрите во Париз под неутрално знаме.

Руската џудо федерација објави дека одлука да не испраќа свои натпреварувачи во Париз се темели на „понижувачките услови“ под кои руските џудисти требало да настапат.

„Ги исполнивме сите услови на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) кои беа прифатливи, но нема да потпишеме изјава што ја дискредитира политиката на нашата земја“, соопшти Руската џудо федерација.

Русија имаше дури 17 кандидати за олимпискиот турнир во џудо во Париз, а ИОК дозволи настап за четворица – Велерија Јендовицева (над 100 кг), Махмадбек Махмадбекова (до 73 кг), Дали Лилуашвили (до 63 кг) и Елис Старцева (над 78 кг). ег ФОТО: Икс

Остани поврзан