• среда, 25 декември 2024

Руската православна црква ја призна МПЦ - ОА како автокефална сестринска црква

Руската православна црква ја призна МПЦ - ОА како автокефална сестринска црква
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква - Охридска архиепископија како автокефална сестринска црква. - На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридската архиепископија. Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква - Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб-страна Руската православна црква. Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква, изразија надеж дека МПЦ - ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција. аа/мд/

Остани поврзан