• среда, 25 декември 2024

Руската новинарка Марина Овсјаникова не планира да побегне, се надева дека протестот не бил залуден

Руската новинарка Марина Овсјаникова не планира да побегне, се надева дека протестот не бил залуден
Москва, 16 март 2022 (МИА) - Марина Овсјаникова, руската новинарка која „влета“ во живо во информативна емисија на руската државна телевизија, држејќи транспарент против војната во Украина, е загрижена за својата безбедност, но, се надева дека нејзиниот протест не бил залуден, пренесе Скај њуз. Таа истакна дека не планира да побегне од Русија и се надева дека нема да биде поднесена кривична пријава против неа. На руските граѓани, новинарката им порача „да отворат очи во врска со пропагандата за војната во Украина“. Рускиот суд и изрече парична казна од 30.000 рубљи - 280 долари, бидејќи „го прекршила законот за протести“ во моментот кога ја прекинала информативната емисија на државната телевизија и ја осудила војната во Украина. бд/зш/
 

Остани поврзан