• среда, 27 ноември 2024

Руската војска спроведува борбени операции во регионот Воронеж, изјави гувернерот Александар Гушев

Руската војска спроведува борбени операции во регионот Воронеж, изјави гувернерот Александар Гушев

Москва, 24 јуни 2023 (МИА) - Руската армија денеска изведува „борбени“ операции во регионот Воронеж, што граничи со Украина, а се наоѓа на околу 600 километри јужно од Москва, објавија локалните власти во време кога паравоената група „Вагнер“ повика на вооружен бунт и ја зазеде воената команда на јужниот руски град Ростов-на-Дон.

„Во рамките на антитерористичката операција на територијата на регионот Воронеж, вооружените сили на Руската Федерација ги спроведуваат потребните оперативни и борбени дејствија“, напиша на каналот Телеграм регионалниот гувернер Александар Гушев.

Воронеж се наоѓа на половина пат меѓу Москва и Ростов на Дон, каде што шефот на „Вагнер“, Евгениј  Пригожин, рано утринава објави дека зазел воени објекти.

Во вонредното обраќање до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин порача дека  постапките на групата „Вагнер“ се предавство и дека на земјата и е забоден нож в грб и дека  виновниците ќе бидат казнети. Притоа, во говорот пред нацијата, тој ги повика Русите на единство. сд/

фото. Википедија

Остани поврзан