• петок, 05 декември 2025

Руската војска извела 215 воздушни напади на територијата на Украина, соборени 112 проектили и дронови

Руската војска извела 215 воздушни напади на територијата на Украина, соборени 112 проектили и дронови

Киев, 24 април 2025 (МИА) - Во текот на ноќта руската армија изврши 215 воздушни напади на територијата на Украина, а Одбранбените сили соборија 48 проектили и 64 нападни беспилотни летала, соопшти Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина. 

Цел на нападот, кој започна синоќа и траеше до утринава, бил Киев, каде што е потврдено дека загинале девет лица, додека 31 лице е повредено, меѓу кои пет деца. 

Во нападот беа погодени и регионите Харков, Дњепропетровск, Житомир, Запорожје и Хмелницки. 

Украинската авијација, вклучително и пилоти на борбени авиони Ф-16 и Мираж, како и противвоздушни ракетни единици, системи за електронско војување и мобилни противпожарни групи учествуваа во одбивањето на нападот. 

Според достапните податоци, уништени се вкупно 112 цели. 

Поради рускиот напад врз Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прекина посетата на Јужноафриканската Република. паг/

Фото: ЕПА




Остани поврзан