• понеделник, 23 декември 2024

Руската армија зазеде две села во источна Украина

Руската армија зазеде две села во источна Украина

Москва, 16 октомври 2024 (МИА) - Руската армија ги зазеде селата Красни Јар во Доњецката област и Невско во Луганската област, се наведува во денешното соопштение од Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Контролата врз Красни Јар била воспоставена од војници од руската армиска група „Центар“, додека руските сили влегле во Невско „благодарение на активни офанзивни дејства“ на војниците од групата „Запад“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството за одбрана на Русија, исто така објави дека во последните 24 часа биле уништени три проектили произведени во САД, кои украинската армија ги испукала со американските ракетни системи HIMARS, како и 56 беспилотни летала на украинските сили.

Украинската армија, пак, соопшти дека во изминатото деноноќие одбила руски напади во близина на Красни Јар, долж Покровскиот фронт, и дека руските сили се обиделе да ги разбијат украинските одбранбени позиции околу Невско, долж правецот Лиман. Ова беше објавено во утринскиот извештај на Вооружените сили на Украина, објавен на „Телеграм“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан