• сабота, 27 јули 2024

Руската армија доби уште еден полк С-400

Руската армија доби уште еден полк С-400
Москва, 24 септември 2020 (МИА) - Третиот годинашен полк на противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумф“ е предаден на руското Министерство за одбрана, соопшти концернот „Алмаз Антеј“. Како дел од своите обврски во рамките на државниот налог за одбрана, „Алмаз Антеј“ пред рокот му предаде на Министерството за одбрана уште еден комплет противавионски ракетен систем С-400, се наведува во соопштението. Противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумф“ е наменет за високо ефективна заштита од авијациски напади, стратешки, крстаречки, тактички и оперативно-тактички балистички ракети, како и балистички ракети со среден дострел. паг/  

Остани поврзан